Поврзете се со нас

Свет

Урнебесен момент: Дончиќ доби нокаут од маскотата на Словенија (Видео)

Објавено

на

Словенија и одржа кошаркарска лекција на Хрватска во „Стожице“ и ја декласираше со 97:69, победа која беше надополнета со шоу во чест на Горан Драгиќ.

Легендарниот лидер на словенечката репрезентација го одигра последниот натпревар во националниот тим на домашен терен, па поради тоа, следеше вистинско шоу на теренот во кое беа вклучени сите соиграчи.

Лука Дончиќ ја загреваше атмосферата во салата со извикување на „МВП“ во чест на својот сакан соиграч и пријател, но ѕвездата на Далас стана и вирален хит поради една незгода која ја имаше при специјалниот чин за Драгиќ.

Дончиќ со мало задржување им се приклучи на своите соиграчи во еден момент, а причина за тоа беше маскотата која понесена од еуфоријата, несакајќи го нокаутираше Лука.

Видеото брзо стана вирален хит и ги насмеа кошаркарските фанови во Словенија и регионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни