Поврзете се со нас

Шпанија

Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)

Објавено

на

Тибо Куртоа во последно време се издвојува како ѕвезда на Реал која најмногу ги промовира своите „ѕверови“ кои ги има во гаражата, а денеска не по своја вина приреди една бизарна ситуација која им привлече огромно внимание на новинарите.

Белгискиот чувар на мрежата е голем фан на Ферари, но денеска пристигнал на тренингот со луксузен Ролс Ројс вреден 300 илјади евра, кој пак беше изнесен со возило од влечната служба во Мадрид.

Објективот на „АС“ ги улови сите играчи на Реал кои дојдоа со своите подарени автомобили од Ауди, но Куртоа беше приморан да повика свој пријател за да го „собере“ со Аудито кое му останало дома.

Откако сите играчи на Реал си заминаа со своите автомобили, влечна служба влезе на паркингот на Валдебебас и го изнесе Ролс Ројсот кој очигледно имал некој механички проблем, сцена која наиде на огромен сеир на социјалните мрежи.

Скапиот автомобил го остави Белгиецот на цедило, па на крај барал помош од пријател за да му го донесе Аудито…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни