Урнебес во Америка: „Габаритот“ на Ибра ја донесе најчудната измена во историјата на МЛС лигата (Видео)

ibra-mafta

Златан Ибрахимовиќ го реши големото дерби меѓу Чикаго и ЛА Галакси кое изминатава ноќ се одигра во Америка, а покрај тоа што се најде во прв план поради дирекната пресметка со Бастијан Швајнштајгер и постигнувањето на единствениот гол, доскорешниот напаѓач на Манчесер Јунајтед стана топ тема во Америка и поради една необична слика.

Во моментите кога го напушташе теренот, фудбалските фанови забележаа една навистина несекојдневна ситуација, бидејќи стануваше збор за измена кога највисокиот човек од двата тима му го отстапува местотот на најнискиот кој изгледаше навистина смешно покрај корпулентниот Златан.

Ибрахимовиќ му го отстапи своето место на теренот на 30 сантиметри понискиот Емануел Боатенг, а фудбалските фанови во Америка почнаа да пишуваат за ова како една од најчудните и најнеобични измени во историјата на МЛС лигата.

Facebook Коментари