Урнебес во АБА на стартот на 2018 година: Соиграч на Антиќ ги „измеша брзините“ и го проигра својот тренер (Видео)

lesor-greska

Црвена Звезда за која игра нашиот Перо Антиќ доста потешко од очекувањата ја совлада Олимпија на домашен терен, натпревар кој сепак најмногу ќе се памети по една урнебесна ситуација со која беше отворена АБА лигата во новата 2018 година.

Матијас Лесор очигледно уште беше уште под импресии од новогодишната пауза, па на самиот старт на мечот предизвика исклучително комична ситуација проигрувајќи го својот тренер Алимпијевиќ место некој од соиграчите. Ваквиот потег на францускиот кошаркар наиде на голема смеа во салата, а изнуди и насмевка од тренерот на Звезда.

Facebook Коментари