Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Урнебес на вечерта во ЛШ: Резервистот на Митјиланд презентираше чудна техника за облекување дрес (Видео)

Објавено

на

Ливерпул го скрши отпорот на Митјиланд во второто полувреме на „Енфилд Роуд“ и успеа да го совлада данскиот тим со 2:0, триумф кој му донесе и одредена горчина на Јирген Клоп поради тоа што се повреди Фабињо.

Германскиот стручњак можеше да биде задоволен од изданието на неговиот тим, но никако од малерот кој го спотера со повредени фудбалери, бидејќи Фабињо е последен кој се приклучува во листата.

Клоп призна дека повреда на Фабињо е нешто што најмалку му требало на тимот после долгата пауза на Ван Дајк, но од друга страна пак, останатите играчи ја завршија работата на теренот и се погрижија за втора победа по онаа во Амстердам.

Стрелци на погодоците беа Диого Жота и Мохамед Салах, но вреди да се напомене дека од мечот на „Енфилд Роуд“ ни приситиган и најурнебесниот момент од фудаблската вечер во Лигата на шампионите.

За истиот се погрижи резервистот на Митјиланд, младиот Микаел Андерсон кој презентираше луда и чудна техника за облекување дрес на клупата за резерви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни