Поврзете се со нас

НБА

Урнебес: Јокиќ се мачеше со еден англиски збор, па почна да пцуе на српски (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ игра неверојатна од стартот на сезоната и има трипл-дабл просек во НБА лигата по воедните 10 натпревари, учинок кој само потврдува дека е убедливо најдобар играч во светот.

Српскиот центар рано утрово имаше брутално издание против Далас и ја доби битката со Лука Дончиќ благодарение на своите 37 поени, 18, скокови и 15 асистенции, но расположен беше и по крајот на мечот.

Ѕвездата на Денвер одвои доста време за новинарите и трпеливо и учтиво одговараше на нивните прашања, но има еден момент кој стана вирален хит на Балканот.

Јокиќ во еден момент се измачи да го изговори англискиот збор „successful“, а откако не му успеа тоа, употреби и пцовка на српски.

На крајот, Никола доби асистенција од Пи-Ар менаџерот на Денвер, па тој успеа да си ја продолжи мислата со која им оддаваше признание на своите соиграчи.

Јокиќ е убеден дека овие негови бројки се производ на тимската игра на Денвер, па затоа почувстува потреба да ги пофали соиграчите кои цела игра ја базираат врз него веќе неколку сезони наназад.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни