Уривање на „Џорџија Доум“: 25 години историја „исчезнаа“ за 15 секунди (Видео)

georgia-dome

Градските власти во американскиот град Атланта го реализираа најавеното уривање на легендарната арена „Џорџија Доум„ која беше отворена во 1992 година.

2.770 килограми експлозив биле употребени за соборување на целата конструкција, акција која траеше точно 15 секунди колку што биле доволни за екпслозијата и паѓање на конструкцијата на трибините со 71.250 седишта. Арената е урната во 7:30 часот наутро, а голем број љубопитни жители на Атланта го следеле овој чин од околните висококатници.

„Џорџија Доум“ е заменета со ултра-модерната „Мерцедес-Бенц“ арена која е изградеан за 1,6 милијарди долари и се наоѓа веднаш до досегашниот дом Атланта Фалконс, нешто што ги приморало изведувачите на уривањето да постават огромна железна завеса за да спречат оштетувања на новата сала.

Урнатата „Џорџија Доум“ беше изградена за 214 милиони долари, а во неа покрај многу концерти, се одржуваа натпревари од Олимпијадата во 1996 година, три изданија на фанјл-фор турнирот во НЦАА лигата, две изданија на Супер Боул, како и многу други спортски настани.

Facebook Коментари