Поврзете се со нас

АТП

„Ураганот“ Алкарас обезбеди медал за Шпанија, во недела ќе се бори за злато (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

„Ураганот“ Карлос Алкарас очигледно го сочува најдоброто за завршната фаза од олимпискиот турнир, бидејќи денеска го одигра убедливо најдобрито меч оваа недела.

Откако вчера изгледаше доста изморено и исцрпено против Томи Пол, многумина се прашуваа во какво издание ќе го видиме против Феликс Оже Алијасим, но уште во раната фаза беа расчистени сите дилеми.

Алкарас одигра на највисоко можно ниво и не му даде никаква шанса на Канаѓанецот, па така во својот деби настап на Олимписките игри ќе игра во финалето.

Со пласманот на неделниот меч, Алкарас веќе обезбеди медал за Шпанија и во најмала рака ќе се врати дома со сребро, но јасно е дека главна цел ќе му биде златото.

Алкарас го декласираше Алијасим со 6:1 и 6:1 и испрати силна порака пред неделното финале, во кое противник ќе му биде или Новак Ѓоковиќ, или Лоренцо Музети, меч кој се игра денеска подоцна на „Филип Шатрие“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни