Поврзете се со нас

АТП

„Ураганот“ Алкарас го оддува Циципас: Младиот Шпанец закажа полуфинален спектакл со Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Карлос Алкараз прикажа неверојатно ниво на тенис во четвртфиналето кое вечерва се одигра на „Филип Шатрие“, тениско здание кое беше сведок на еден од најдобрите мечеви во кариерата на младиот Шпанец.

Популарниот Карлитос играше во ритам на вистински „ураган“ и комплетно го разоружа Стефанос Циципас, тенисер кој важи за специјалист за земја и кој е поранешен финалист на Ролан Гарос.

Гркот едноставно немаше решение за перфектната игра на Алкараз и резултатот гласеше 6:2, 6:1 по два сета игра, а нешто слично се случуваше и во првата половина на третиот сет.

Алкараз поведе со 5:2 и беше на праг да му нанесе многу тежок пораз на Стефанос, но потоа се опушти и го направи третиот сет далеку повозбудлив, па гледавме и тајбрејк завршница.

Циципас покажа борбен дух и израмни на 5:5, но иако го однесе сетот во тајбрејк, таму беше неуспешен и загуби со 7:5. На овој начин, Алкараз се пласираше во своето прво полуфинале на Ролан Гарос, а таму противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни