Поврзете се со нас

Шпанија

Управата на Барселона го притиска Чави да остане на „Камп Ноу“: Имаме проект за него…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Чави Ернандес најави дека ќе си замине од Барселона по крајот на оваа сезона, но управата на клубот не сака да се откаже од неговите услуги и прави се да се предомисли и остане на „Камп Ноу“.

Шпанскиот стручњак во повеќе наврати веќе истакна дека одлуката е донесена и нема намера да се предомисли, меѓутоа луѓето кои се на високи функции и понатаму веруваат дека е возможно друго сценарио, односно Чави да продолжи да работи.

-Ќе се обидам да го убедам Чави, но тоа е лична одлука за него. Остануваат уште првенствени натпревари, Лигата на шампионите… мора да му дозволиме да ужива. Се надевам и посакувам да продолжи затоа што зборуваме за проект, а не за сезона или две, -истакна потпретседателот на каталонците, Рафа Јусте.

Актуелниот договор на Чави е со важност до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни