Поврзете се со нас

Италија

Упорниот Милан со пресврт до три големи бода во Удине (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Милан успеа да ги освои трите посакувани бода на вечерашното гостување во Удине кај Удинезе во рамките на 21. коло во Серија А.

Во дуел во кој имаше од се по нешто, „црвено-црните“ по една драма се изборија за конечно славје од 3-2. Фаворитот прв дојде до водство со голот на Лофтус Чик во 31 минута, но набрзо потоа имаше ситуација, расистички навреди кон голманот Мењон по што дуелот некое време беше во прекин.

Потоа страстите се смирија, па младиот Самарџиќ со убав гол израмни на 1-1.

Во вториот дел Тован погоди за 2-1 во 62 минута по што ова беше нов предизвик за Милан, предизвик на кој одговори во самиот финиш. Јовиќ во 83 и Окафор во 93 минута стрелаа за 3-2 и зацврстување на „росонерите“ на третото место на табелата.

Милан има 45 бода, четири помалку од Јувентус кој во оваа рунда му гостува на Лече.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни