Поврзете се со нас

Германија

Упамекано откри што било пресудно да ја прифати понудата на Баерн Минхен

Објавено

на

Дајо Упамекано ја игра првата сезона во Баерн Минхен, а во интервјуто за „Лекип“ открил детали за тоа што го натерало да ја прифати понудата на Баварците и колку е задоволен од трансферот.

Упамекано дојде од редовите на РБ Лајпциг, па за време на престојот во Германија можел да создаде свој впечаток за Баерн како клуб.

– Однадвор, мојата импресија беше дека Баерн секогаш се држи сплотено како фамилија.

– Бев пријатно изненаден од нивниот менталитет, постојано размислуваат само за победи. Пет години ги гледав како освојуваат трофеи, – вели дефанзивецот.

– Размислува и за останувањето во Германија, но заклучокот беше дека не сакам да ја напуштам државата. Добро се чувствувам во Германија, а Баерн е клуб кој се бори за најважните трофеи, – изјавил Упамекано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни