Поврзете се со нас

Македонија

УО на РФМ ја потврди премијата за кадетите, Начевски предложен за државната награда „8-ми септември“

Објавено

на

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија го прифати предлогот на претседателот Живко Муакетов за парична награда за кадетите кои ова лето го освоија првото место на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Нашите таленти одиграа фантастичен турнир кој значеше дека националниот тим ќе може да игра и на Европското и Светското првенство, па првиот човек Мукаетов при приемот на оставот пред 15-20 дена најави премија од 700 илјади денари, премија за која денеска зелено светло даде УО на РФМ.

Воедно на денешната седница РФМ го предложи Драган Начевски за државната награда „8-ми Септември“ за животно дело. Начевски има направено многу за овој спорт и дефинитивно го заслужува ова признание.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни