Карате
Универзитетската карате репрезентација на Македонија се подготвува за настап на европската Универзијада во Полска
Македонската универзитетска репрезентација во карате веќе една недела е на завршните подготовки во хотел Макпетрол во Струга. Каратистите интезивно се подготвуваат за учество на Европските универзитетски игри кои ќе се одржат во Лодж, Полска во периодот од 17-31 Јули.
На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови.
Бошко Заборски селекторот на универзитетската карате репрезентација ја даде следнава изјава:
– Во Струга сме на десет дневни подготовки и веќе сме при крај со подготовките. Многу сум задоволен од моменталната форма целиот тим се работи многу сериозно и во Полска одиме да направиме успех. Ние имаме голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзитетски првенства, светски универзитетски првенства и европски универзитетски игри. Имаме бројни медали кои нашите каратисти ги освојуваа ширум светот за последните 20 години. Универзитетското карате е многу силно и квалитетно, на овие игра ќе има голем број на пријавени спортисти-ки, бидејќи скоро сите квалитетни спортисти и репрезентативци кои настапуваат за своите национални тимови се истовремено и студенти.
Конечниот список на спортисти-ки кои ќе отпатуваат за Полска се:
1, Марија Петровска -50 кг
2. Симона Заборска -55 кг
3. Викторија Јовановска -61 кг
4. Моника Пендаровска -61 кг
5. Ангела Мојсовска -68 кг
За тимот во екипно борби ќе настапат Симона Заборска (капитен), Ангела Мојсовска, Моника Пендаровска и Викторија Јовановска.
Во машка конкуренција ќе настапат следните спортисти:
- Давид Петков -67 кг
- Петар Заборски -75 кг
- Петар Спасеновски -84 кг
- Глигор Петков + 84 кг
10.Илиевски Димитар -84 кг
Сите спортисти од машката екипа ќе настапат и во екипна конкуренција дисциплина кумите (борби)
Само за потсетување во тимот кој ќе отпатува за Полска, има спортисти кои имаат големи постигнувања за Македонскиот спорт да потсетиме дека Симона Заборска во категоријата -55 кг е Светска сребрена медалистка од Светското универзитетско првенство во Брага Шпанија 2016 година, исто така таа е носител на сребрен медал и од последната европска универзијада која се одржа во Загреб, Додека пак Петар Заборски -75 кг во 2017 година во Куимбра, Португалија беше европски универзитетски првак во категоријата -75 кг, а во Загреб на последната одржана универзијадата во 2019 година, и сребрен медал во екипна конкуренција борби. Петар Спасеновски -84 кг, има бронзен медал од последната универзијада во Загреб и сребро од екипниот настап , додека пак Ангела Мојсовски во -68 кг е бронзена медалистка. Сакам да нагласам дека очекуваме добар настап од нашите спортисти во поединечна и во екипна конкуренција борби.
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства17 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор