Поврзете се со нас

Свет

Уникс се збогуваше со Димитријевиќ, плејмејкерот испрати последна порака (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru/eng

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ дефинитивно си заминува од тимот на Уникс Казањ, клуб чиј дрес го носеше во изминативе две години.

Димитријевиќ во овој период дефинитивно многу напредуваше, стана клучен играч на екипата на која во минатата сезона и го донесе трофејот во ВТБ лигата, а беше и прогласен за МВП на финалната серија.

Нено пак беше исто прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел за сезоната 2023/2024 која на крајот ја заврши со 18,6 поени, 6,9 асистенции, 3,6 скока и 1,2 украдени топки за 30 минути на паркетот.

Уникс се збогуваше со нашиот репрезентативец кој исто така имаше порака за клубот, навивачите, управата, тренерот и целиот стручен штаб.

-Ова беа две прекрасни години за мене лично и за УНИКС. Многу ми е драго што заедно испишавме историја со освојувањето на титулата во ВТБ лигата минатата сезона. Им благодарам на сите вработени во клубот, претседателот Евгениј Богачев, раководството, главниот тренер Велимир Перасовиќ, сите негови помошници, физиотерапевти, медицинскиот персонал и секако на нашите навивачи.

-Во текот на изминатите две сезони во Казањ, развив посебни односи со многу луѓе кои ќе ги негувам во текот на мојот живот. Благодарам за се! Среќно на сите, -порача Нено.

Според информациите следна дестинација за 26-годишниот Скопјанец треба да биде евролигашот Олимпија Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни