Поврзете се со нас

Свет

Уникатно шоу од МЛС: Му ја пиеше водата на голманот, па го шокираше од зад грб за гол во 97. минута (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ATLUTD

Натпреварите во МЛС продолжија иако во САД се игра и престижната Копа Америка, а фудбалските фанови се импресиониран од она што се случи во завршницата на дуелот меѓу Атланта и Торонто.

Домаќините поведоа пред крајот на полувремето, поранешниот италијански репрезентативец Бернардески израмни на стартот на вториот дел, а вистинската драма беше резервирана за судиското надополнување, односно буквално последните моменти од мечот.

Во ситуација кога гостинскиот голман Лука Гавран требаше да ја врати топката во игра, доживеа неверојатен шок од зад грб.

Сенегалецот Џамал Тиаре остана зад голаут линијата „крадејќи“ од водата на противничкиот голман, а неколку секунди подоцна му ја украде и топката, па постигна гол за 2:1 и вистинска лудница на стадионот во Атланта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни