Уникатната слика на Фелаини од Скопје доби спектакуларен мурал (Фото)

felaini-faca

Маруан Фелаини сигурно до крајот на својот живот ќе го памети гостувањето на националната арена „Филип Втори“, бидејќи од Суперкуп натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид пристигна најурнебесната и најневеројатна слика во неговата играчка кариера.

Положбата во која се најде лицето на Белгиецот е едноставна непроценлива и крајно урнебесна, а воопшто не чудеше тоа што истата стана вирален хит меѓу фудбалските фанови кои останаа воодушевени од приказот на Фелаини.

Оваа фотографија едноставно се распрсна низ сите страни во светот само неколку часа по крајот на Суперкуп спектаклот во македонската престолнина, па сега истата беше инспирација за феноменален мурал во Мелбурн, Австралија.

mural-felaini

 

 

Facebook Коментари