Поврзете се со нас

Европски првенства

Уникатна сцена од пресот: Италијански новинар го утеши расплаканиот Модриќ, капитенот остана воодушевен од пораката (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Лука Модриќ со солзи ги доживеа драматичните моменти од мечот со Италија и не ги криеше емоциите по примениот гол во 98-та минута, од едноставна причина што легендарниот капитен на „коцкестите“ најверојатно го одигра последниот натпревар на едно Европско првенство.

Во обраќањето кое го имаше за националната телевизија, Модриќ посочи дека фудбалот во два наврати се покажал како исклучително суров кон Хрватите, па иако успеал да се прибере на пресот и да ги смири емоциите, капитенот добил една порака која не го оставила рамнодушен.

Еден италијански новинар го украде шоуто и на уникатен начин му се обратил на Лука, а овој шмекерски и џентлменски му одговорил на убавите зборови.

– Лука, добра вечер од еден италијански новинар. Сакам да ти се заблагодарам за се што направи за фудбалот, не само вечерва, туку во текот на кариерата. Уште еднаш го напушти теренот како врвен играч. Не реализираше пенал, но веднаш после тоа постигна гол. Барам од тебе никогаш да не се повлечеш од фудбалот, бидејќи ти се еден од најдобрите кои некогаш сум ги коментирал, – му порача новинарот на Модриќ.

– Грацие…. Ти благодарам од срце за овие убави зборови. И јас би сакал да играм фудбал засекогаш, но ќе дојде време кога ќе морам да ги закачам копачките на клин. Не знам уште колку долго ќе играм, но навистина ти благодарам на убавите зборови, – изјави трогнатиот Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни