Поврзете се со нас

НБА

Уникатна сцена: „Џинот“ Шек го користи Реџи Милер како замена за тегови во теретана (Видео)

Објавено

на

Реџи Милер ќе остане запаметен како еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, но како пензиониран кошаркар, се уште работи на својата форма и се одржува во теретана.

Легендата на Индијана сега се појави во јавноста и стана хит благодарение на едно видео кое стана вирално на социјалните мрежи, а во кое тој е замена за тегови.

Шекил О’Нил е најмалку двапати потежок од Реџи Милер, па огромниот центар немаше проблеми да го крене својот драг колега и да се погрижи за уникатна сцена.

Од прикажаното, очигледно е дека добриот хумор владее и кај двете кошаркарски легенди кои веќе извесно време се колеги и во „НБА ТНТ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни