Уникатен тениски потег: Французинот Мау врати топка од трибина (Видео)

EPA/ETIENNE LAURENTEPA/ETIENNE LAURENT

Британската Дејвис куп репрезентација го загуби дуелот со Франција во Светската група, а домашните фанови во еден момент имаа можност дополнително да уживаат во изданието на француските тенисери.

За време на дубл мечот одигран вчера, Никола Мау се најде во ситуација да влезе на една од трибините покрај теренот, а притоа оттаму успешно врати во поле топка упатена од Џејми Мари и ги собра аплаузите од фановите.

Facebook Коментари