Уникатен скок од пештера пред премиерата на скокови од карпи во Либан!

rijana ifland liban 2019

Актуелната светска првенка Ријана Ифланд од Австралија, која воедно е рекордер и според бројот на победи во низа, ја одведе спортската легенда Орландо Дуке од Колумбија на локалното место за нуркање пред дебитантскиот натпревар од Red Bull Cliff Diving во Либан.

Воодушевена од убавината и чистотата на местото за време на посетата на почетокот од годинава, трикратната женска шампионка и моментален предводник на табелата, Ријана Ифланд од Австралија се врати во либанското село Хамат за да нурка заедно со легендата на скоковите од карпи Орландо Дуке од Колумбија. Омиленото место за скокови од карпи на локалните жители служи како влез во пештера, и како место за загревање пред петтиот натпревар од светската серија Red Bull Air Race од Пиџен Рокс во Бејрут овој викенд. На влезот од втората половина од сезоната, битката за клучните поени ќе ја вжешти атмосферата во главниот град на Либан.

Во двојка со најблескавата фигура на спортот, Орландо „Дук“ Дуке, Австралијанката го започна деловниот дел од сезоната 2019 на само уште три локации пред да се круниса шампионот во средината на септември.

– Ова ми е втор пат во Либан годинава и повторно е вистинско уживање. Овде ќе го одржиме првото наптреварување во скокови од карпи и привилегија е да се дојде и да се направи шоу пред луѓето од Бејрут,- изјави 27-годишната Ифланд. – Да се истражи една нова култура и ново место е бонус покрај нуркањето, па сум многу многу среќна и возбудена што повторно сум овде.

По спектакуларните карпи на Хамат, четирикратната победничка од 21-метарската платформа се премести во бејрутската област Рaуш, каде би можела да победи по петти последователен пат оваа година и да остане непобедена во 2019.

Кај мажите, седумкратниот шампион Гари Хант од Велика Британија исто така сака да докаже својата победничка форма, а победата од ова природно обележје познато како Пиџен Рокс би значело трет триумф во сезоната по натпреварите во Филипините и Португалија.

Додека Ифланд и Хант имаат за цел да го утврдат своето водство на врвот и да го освојат трофејот на кралот Кахекили, акробатските скокови од карпи на 24-те спортисти од 27 метри ќе ги остават подзинати обожавателите под карпите кога најстариот екстремен спорт на светот ќе ја има својата премиера во еден од најстарите градови на светот.

Ова натпреварување ќе се емитува во живо на 14 јули од 16:30 часот по средноевропско време преку веб страната www.redbullcliffdiving.com, како и на Red Bull TV, Facebook и YouTube. Red Bull TV е достапен на сите поврзани ТВ, играчки конзоли, мобилни уреди и друго. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Facebook Коментари