Поврзете се со нас

Свет

Уникаха го надигра Реал и го грабна пехарот во Купот на Шпанија, поранешен играч на Карпош Соколи ја освои МВП наградата

Објавено

на

foto: x.com/ACBCOM

Екипата на Уникаха е освојувач на трофејот во Купот на Шпанија и тоа откако во големото финале го совлада Реал Мадрид со 93:79.

Составот од Малага во претходните две рунди ги надигра Хувентуд и Тенерифе, а тоа вечерва го направи и против Реал кој не доби ниту една четвртина во пресметката за титулата.

Избраниците на Наваро беа подобри во три од четирите четвртини, односно само вториот период заврши со израмнет резултат 21:21. Ова за Уникаха е трет трофеј во Копа Дел Реј, а најзаслужен за тоа беше плејмејкерот Пери кој во финале уфрли дури 27 поени и запиша 6 асистенции.

Токму некогашниот играч на Карпош Соколи беше и прогласен за МВП на турнирот кој го заврши со 14,6 поени и 6,3 асистенции во просек.

Кај поразените Љуљ и Кампацо реализираа по 14 кошеви.

Кога се во прашање Куп трофеите во најважните првенство, Панатинаикос го доби Олимпијакос и се израдува на трофејот во Грција, Ле Ман пак го шокираше Монако во Франција, Фенербахче не дозволи изненадување и го суреди Бешикташ, додека пак Мителдојчер е сензационален освојувач на пехарот во Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни