Светски првенства
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…

Унгарија влезе како фаворит во дуелот со македонската ракометна репрезентација, но на крајот мораше да спасува бод на мундијалската премиера во Вараждин.
Избраниците на Кире Лазаров заслужија и победа, но на крајот освоија голем бод во првата фаза од шампионатот, а противничкиот селектор признал дека Унгарија треба да биде задоволна со епилогот.
Искусниот Чема Родригез во првата изјава за унгарските медиуми имал забелешка и за судиите, но сепак потенцирал дека неговите избраници можело да поминат и полошо.
– Треба да бидеме задоволни со конечниот резултат. Не примавме лесни голови, но не ги користевме нашите шанси во нападот и си направивме да ни биде многу потешко на оваа средба.
– Најважно за тимот е да не се предава и кога е тешко, а тоа се случи на крајот. Освоивме бод, што не е толку лошо за прв натпревар на еден ваков турнир.
– Не е лесно да се игра против Македонците, посебно кога судиите им дозволуваа толку долги напади и многу додавања. Успеавме да го спасиме натпреварот во финишот и тоа е најважно, – изјавил Родригез.
-
Англија24 часа
ФА Куп: Јунајтед доби нов премиерлигашки предизвик, Сити го доби „убиецот“ на фаворити
-
НБА12 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
НБА23 часа
Леброн во одбрана на Дончиќ: Кога кловнот ќе се пресели во палата…
-
Италија21 час
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Свет9 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Англија21 час
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони11 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола: Овој тим е посебен, верувам…