Светски првенства
Унгарскиот селектор Родригез со џентлменска изјава по болниот пораз од Хрватска

Чема Родригез мораше да гледа како неговите избраници испуштаат голема предност од четири гола во завршните пет минути од натпреварот во загрепска „Арена“, фатален финиш кој на крајот резултираше со болен пораз.
Хрватска направи огромен пресврт и со гол во последната секунда го комплетираше пресвртот со победа од 31:30, триумф кој им донесе на „коцкестите“ пласман во полуфиналето на Светското првенство.
Петтата селекција од последното Европско првенство ќе мора да чека нова шанса за полуфинале на еден голем турнир, но селекторот Чема Родригез покажа класа и во тешки моменти, испорачувајќи пофални зборови до ривалот во нависитна тешки моменти.
– Честитки до Хрватска за победата, знаевме дека ќе мора да одиграме речиси совршен натпревар. Хрватска е силен тим со силни играчи, а воедно имаат и голем тренер.
– Овој спорт е преубав поради вакви работи, Хрватите се бореа до крајот, а ние се боревме против нив и против 15 илјади навивачи во салата. Хрватска има млад тим, но овие млади играчи покажаа дека имаат карактер.
– Ова е големо искуство за нас, а секако дека има горчина кога губите на ваков начин. Хрватска заслужи да победи на крајот, но заслуживме и ние, остануваме горди на нашата работа. Сега ќе мора да испиеме нешто во обид да заборавиме на ова, а потоа не чека нова работа, – изјавил Родригез на прес-конференцијата во Загреб.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)