Поврзете се со нас

Европски првенства

Унгарскиот селектор разочаран: Германците ќе победеа и без помош од судиите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/mlszhivatalos

Унгарија го доживеа вториот пораз на ЕП и тоа на дуелот со домаќинот Германија, кој со уште еден сигурен настап веќе си обезбеди место во нокаут фазата.

Селекторот Марко Роси по натпреварот му честитал на противникот, кој според него е далеку поквалитетен тим и кандидат за трофејот, но имал забелешки на адреса на судиите, предводени од Дени Мекели.

– Судијата дозволи голот да биде признат откако во акцијата беше турнат нашиот дефанзивец Орбан.

– Во второто полувреме, кога Андрих беше турнат на ист начин, веднаш судеше прекршок.

– Никогаш не сум се жалел и не сум барал оправдувања за поразите во мојата кариера, но она што го направи судијата вечерва е класичен пример за двојни стандарди.

– Мислам дека Германија секако ќе победеше, но судијата и ВАР собата беа најлоши актери на овој натпревар, – рекол Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни