Унгарија за нијанса подобра, младинците на крајот шести на светот

u 21

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со пораз од Унгарија го заврши настапот на Светското првенство во Алжир.

Во битката за петтото место на шампионатот нашите талентирани момци не успеаја да им одговорат на унгарските врсници кои беа за нијанса подобри и славеа со конечни 26-22.

Избраниците на Илија Темелковски во двете полувремиња постигнаа по 11 погодоци, ама противникот во тие два периоди беа поефикасен, пофокусиран и дојде триумфот и местото 5 на собирот на најдобрите селекции на планетава.

Меѓутоа и покрај овој пораз нема причина за разочарување кај нашите млади херио кои испишаа нова страница во нашиот ракомет, ние сме најдобра балканска репрезентација и сме дури шеста ракометна сила на светот.

Севкупно ние одигравме 9 натпревари, запишавме пет победи и четири порази што беше доволно да дојдеме до овој успех кој претставува еден вид на гаранција оти македонскиот ракомет има иднина и ќе продолжи да бележи добри резултати во наредниот период.

Инаку седмото место го освои Тунис со победата над Русија од 36-21, а пак допрва следат битките за бронза (Франција-Германија) и за златниот медал (Шпанија-Данска).

Facebook Коментари