Светски првенства
Унгарија ја победи Холандија, Египет го шокираше домаќинот Хрватска

Македонската ракометна репрезентација и дефинитивно завршува трета во својата група на Светското првенство, потврда за која се чекаше се до последниот меч кој се играше оваа вечер.
Победата на Унгарија над Холандија значеше дека се оствари најочекуваното сценарио кое веќе го прифатија нашите ракометари, па тоа значи дека нашиот национален тим втората фаза ја отвора со дуел против Австрија во вторник, по што ќе следат натпревари против Катар во четврток и Франција во сабота.
Унгарците ја оправдаа улогата на фаворити и петопласираната селекција од последното Европско првенство славеше со 36:32, што значи дека тие пренесуваат три бода во следната фаза.
Холандија ќе пренесе два благодарение на победата која ја оствари над Македонија, додека нашиот национален тим ќе ја стартува главната фаза со еден бод.
Вечерва, на програмата беа уште два натпревари, а на истите Хрватска беше шокирана од Египет среде Загреб со 24:28, додека Норвешка претрпе пораз и од Португалија (28:31).
Наместо четири, Хрватска во втората фаза сега патува со два бода, додека Норвешка не пренесува ниту еден.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)