Поврзете се со нас

Европски првенства

Унгарија излезе со прва реакција за состојбата на напаѓачот кој падна во бессознание (Фото)

Објавено

на

Кевин Чобот беше херојот на Унгарија кој ја остави својата селекција во игра за осминафиналето на Европското првенство, откако младиот напаѓач избра најдобар момент за прв гол во националниот дрес.

Напаѓачот донесе драматична и слатка победа за Унгарија во 100-та минута од мечот со Шкотска, кој доби толку долго продолжение поради еден непријатен момент во вториот дел.

Барнабас Варга падна во бессознание по удар заработен во противничкиот шеснаесетник и настана голема паника на теренот, па соиграчите од Унгарија го обиколија напаѓачот со цел да не се гледаат застрашувачките сцени.

Варга беше освестен на теренот и итно беше пренесен во болница, а оттаму сега пристигна информација дека центарфорот на Ферернцварош заработил неколку скршеници на лицето и ќе мора да подлегне на оперативен зафат.

– Барнабас Варга заработил неколку скршеници на лицеето при судирот за време на натпреварот, а исто така се здобил и со потрес на мозокот. Најверојатно ќе мора да се направи операција. Тој ќе ја мине ноќта во болница во Штутгарт и во моментов ја добива цела поддршка од сите во тимот, – гласи објавата на унгарската Федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни