Европски првенства
Унгарија го доби мечот за петтото место и оствари најдобар резултат на ЕП
Унгарија го мина во сенка ова Европско првенство и доста тивко стигна до самата завршница, а на крајот оваа селекција оствари и најголем успех на континенталните собири.
Со битката за петтото место беше отворен денешниот натпреварувачки ден во Германија, па така Унгарија го доби дуелот со Словенија и оствари најдобар успех на Европските првенства.
Сосема очекувано, мечот беше навистина тврд и неизвесен и двата тима имаа свои моменти, но во клучните моменти подобри беа Унгарците кои славеа во драматична завршница со 23:22.
Словенците беа подобри во првите 30 минути и на пауза заминаа со гол позитива, меѓутоа потклекнаа во завршницата и откако не постигнаа гол во последните две минути, на крајот мораа да се задоволат со шестото место.
Банхиди и Лекаи постигнаа по пет голови во победничкиот тим, додека кај Словенија со по четири најефикасни беа Зарабец и Благотиншек.
-
Шпанија21 час
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија22 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Германија20 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија23 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Свет7 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Англија18 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија20 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Франција21 час
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик