Поврзете се со нас

Лига на нации

Унгарија беше на работ од бездната по хорор грешката на својот голман, Собослаи изрежира чудо во 92. минута (Видео)

Објавено

на

Унгарија беше на работ од бездната до 88-та минута и се чинеше дека полека ги губи сите надежи за пласман на Европското првенство, но до крајот на мечот, уште еднаш се уверивме дека фудбалот е игра која се игра до последната секунда.

Исланд имаше водство од 0:1 на гостувањето во Будимпешта по хорор реакцијата на Гулашчи кој му подари гол на Сигурдсон, но кога се веруваше дека „рибарите“ се на чекор до нов пласман на голем турнир, домашната селекција изрежира чудесен пресврт.

Лоик Него ја искористи лошата реакција во одбраната на Исланд за да израмни на 1:1, а потоа следеше вистинско ремек дел од најголемиот фудбалски талент од Унгарија.

Доминик Собослаи ни демонстрираше дека со право важи за еден од најголемите таленти во фудбалска Европа, режирајќи брилијантна соло акција во 92-та минута, откако претходно неуморно трчаше во текот на целиот меч.

Дваесетгодишниот фудбалер на Салцбург истрча 50-тина метри во судиското надополнување, а потоа испрати неодбранил удар и ја испрати својата селекција на Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни