Унгарците сами си го бараа: Го дочекаа Цветковски со високи очекувања, тој дебитираше со МВП награда!

Jane Cvetkovski dres Eger 2019

Јане Цветковски го потврди својот трансфер во унгарскиот клуб Егер, откако претходно направи респектабилно име со кариерата низ Словачка, Босна, Шведска и Германија. Инсистирајќи во оваа фаза да има што е можно повеќе настапи во првиот тим, тој направи неочекуван потег и го напушти германски Вецлар каде што беше трет голман, за да биде прв чувар на мрежата во Егер.

– Можеби не е некој од најтешките голмани, но се надеваме дека добро ќе ја искористиме неговата брзина. Очекуваме брзо да се вклопи и да ја покаже својата брзина наскоро,- вели тренерот Едмонд Тот, во изјавата за тимскиот веб-сајт .

– Не сакавме да избрзуваме со одлуката. Верувам дека Јане е најдобрата солуција за нашите можности. Имаме високи очекувања од него и верувам дека тој ќе ја оправда нашата одлука,- додава Петер Сабо, тимскиот директор.

Откако трансферот беше официјализиран пред само неколку дена, Цветковски вчера дебитираше во локалното дерби на винската провинција Хевеш, позната како родно место на најпознатото унгарско вино „Бикова крв“. Егер гостуваше на Мезоковешди и го освои првиот бод во новата сезона по два претрпени порази. Натпреварот заврши 27:27 (12:15), а Егер може само да жали што испушти победа во последните моменти од натпреварот.

Јане Цветковски е прогласен за Играч на натпреварот и во официјалниот записник зад неговото име се запишани 13 одбрани, од кои една од 7 метри. наспроти ова, иако тој бранел 60 минути, на играчите на противничкиот тим им се припишани 44 шутеви за 27 голови. Цветковски се појави и на официјалната прес конференција по натпреварот, веднаш до тренерот Едмон Тот.

– На крајот беше 27:27, мислам дека ова беше добар натпревар за нас, но и тие одиграа добро. Мислам дека на крајот беа малку среќни и изедначија. Игравме супер во текот на цел натпревар, но на крајот примивме гол. Во секој случај, натпреварот беше одличен!

Егер во следниот натпревар игра на домашен терен и ќе оди на првата победа протов Орошази.

Facebook Коментари