Поврзете се со нас

Светски првенства

Унгарците имале добра анализа на нашиот тим: Очекувавме ваков отпор од Македонија

Објавено

на

Унгарските ракометни ѕвезди во ниту еден момент не беа комотни во дуелот со Македонија и на крајот се спасуваа од пораз на натпреварот во Вараждин, а драматичниот крај на истиот донесе измешани чувства во двата табори.

Македонските ракометари дефинитивно го нагласија и чувството на тага после пропуштената шанса да се шокира петтата најдобра селекција во Европа, но ако добрата игра на избраниците на Лазаров беше изненадување за голем дел македонски фановите, Унгарците велат дека очекувале силен отпор од нашиот најсилен тим.

Мате Лекаи како еден од најискусните во унгарскиот тим во разговорот со домашните новинари нагласил дека во националната селекција го гледале доброто издание на Македонија против Хрватска во подготвителниот период, па на стартот на Светското првенство очекувале да имаат тежок испит за полагање.

– Очекувавме тежок и тесен натпревар против Македонија, бидејќи го гледавме нивниот подготвителен натпревар кој го загубија со Хрватска со само два разлика.

– Ова е Светско првенство и сите сакаат да победуваат. Секоја европска селекција се подобрува од турнир во турнир, но точно е дека не ја оправдавме нашата цел. Сакавме да победиме и не сме задоволни од прикажаната игра и освоениот бод, – изјавил Лекаи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни