Поврзете се со нас

Свет

Унгарците го објавија идентитетот на колабираниот член: Станува збор за легенда на репрезентацијата (Фото)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Холандија и Унгарија мораше да биде прекинат уште во раната фаза, а причина за тоа беше немилата сцена на гостинската клупа.

Унгарците алармираа колапс на свој член и брзо побараа итна медицинска помош, па иако во прв момент се криеше идентитетот на човекот кој падна во бессознание, самиот фудбалски сојуз на Унгарија сега соопшти дека се работи за Адам Салаи.

Станува збор за вистинска легенда на унгарскиот фудбал која цели 13 години го носеше националниот дрес, а која интересно се приклучи на стручниот штаб на Марко Роси пред само еден месец.

Шок и прекин во Амстердам: Член на унгарскиот тим колабираше на „Јохан Кројф арена“ (Видео)

Салаи беше вклучен во репрезентацијата пред еден месец, но денеска стана топ тема поради немила сцена која ги исплаши сите во Амстердам.

За среќа, Салаи брзо бил освестен и вратен во стабилна состојба од лекарите, а сега во болница ќе се мониторира неговата ситуација и ќе се открива причината за неговото колабирање.

– Адам Салаи е стабилен и свесен. Пред неколку минути беше одведен во болница со амбулантно возило во Амстердам и таму ќе му биде направена целосна опсервација, – се вели во објавата на Унгарците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни