Поврзете се со нас

Шпанија

Унаи Лопес со супер волеј погодок донесе драматична победа за Димитриевски и Рајо Валјекано (ВИДЕО)

Објавено

на

Рајо Валјекано на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски се израдува на третата сезонска победа во Примера и тоа откако вечерва во драматичен меч славеше над Елче со 2-1.

Длабоко во судиското продолжение (95 минута) Унаи Лопес со страшен волеј удар ја затресе мрежата на гостите за пресврт и три големи бода за тимот од Мадрид.

Претходно во првиот дел Боје стрелаше за најслабата екипа во Ла Лига, но одговорот стигна брзо затоа што Камелјо израмни на 1-1 во 40 минута.

Димитриевски беше стартер и ги одигра сите 90 минут, Рајо со вкупно 10 бода е на 10 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни