Франција
Унахи дебитираше во Марсеј со фудбалска брилијантност, Тудор се фаќаше за глава (Видео)

Азедин Унахи беше вистинско откровение на Светското првенство во Катар и сериозно го сврте интересот на себе од страна на многу поважни клубови од Анже, па така на крајот од зимскиот преоден рок направи трансфер во Марсеј.
Клубот од „Велодром“ заврши импресивна работа и за само 10 милиони евра го донесе еден од најталентираните играчи во Лига 1, кој пак вчера дебитираше на незаборавен начин.
Марсеј победи на гостувањето кај Нант со резултат 0:2, а голот во 92-та минута беше дело токму на Унахи. Мароканецот доби 15-тина минути од Игор Тудор на дебито, но Хрватот воопшто не зажали што му даде шанса по само неколку тренинзи.
Унахи режираше фудбалска минијатура за потврда на победата и постигна гол при кој демонстрираше завидна магија, на која не остана рамнодушен ниту Тудор.
Хрватот се држеше за глава, а потоа му го прекинал и интервјуто на Унахи со зборовите: Тоа што го направи беше неверојатно.
🇲🇦🪄 Pure magic by Azzedine Ounahi… pic.twitter.com/toTsxX9vIQ
— EuroFoot (@eurofootcom) February 1, 2023
Tudor qui vient embrasser le prince Ounahi mes frères
Quel but et quel Crackito !!! pic.twitter.com/vECt6RAVyn
— khal 🔵⚪️🇹🇳 (@khal4ever) February 1, 2023
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……