Италија
Ултрасите на Удинезе побараа доказ за расистичките навреди за кој обвини Мењан, едно видео брзо се рашири на социјалните мрежи

Мајк Мењан направи храбар чекор во борбата против расизмот и реши самостојно да го прекине натпреварот меѓу Удинезе и Милан, а поддршка во тоа доби и од своите соиграчи, противниците и судијата Мареска.
Францускиот чувар на мрежата се пожали дека бил расистички навредуван од дел од навивачите на Удинезе и го стопираше мечот на пет минути, па откако доби поддршка од цела јавност, во доста непријатна ситуација се најде фан-базата на клубот од Удине.
Навивачите на „Фриули“ беа етикетирани како расисти поради испад на одредени поединци, па поради тоа, официјалната ултрас група на Удинезе побара доказ дека навистина имало расистички испад од трибините.
– Педесет безбедносни камери, микрофони, службеници, а единствениот што ја слушнал оваа мистериозна расистичка злоупотреба беше Мењан? Претседател на ФИФА кој сè уште е под истрага дека заработил пари со злоупотреба на фудбалот го осудува гестот што не беше докажан од ниту една полиција или спортски судија.
– Како овци, тие кажуваат нешто на ТВ или на социјалните мрежи, а сите веруваат во тоа? Пред да клеветите цела база на навивачи и нашиот народ, барем покажете го доказот, – порачаа ултрасите, по што брзо добија одговор со видео кое стана вирално на социјалните мрежи.
На истото јасно се слуша дека Мењан неколкукратно е навреден на расистичка база, односно неколку фанови го нарекуваат „циганско гомно“.
😡😡 Inaceptable: el vídeo que muestra que los insultos racistas contra Maignan no pararon tras la suspensión pic.twitter.com/boKcmA8J5Y
— MARCA (@marca) January 22, 2024
-
НБА20 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија9 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија18 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА21 час
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Работнички и Брера се засилија со дефанзивци од Воска Спорт