Ултрасите на Аталанта: Клубот не смее да ја продолжи сезоната по овој историски масакр

atalanta-ultras

Аталанта постигна историски успех со пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но истиот остана во сенка на големиот број жртви кој ги зема коронавирусот во Бергамо, па и цела Италија.

Градот кој го претставува Аталанта е најпогоден од пандемијата, а неговите навивачи не сакаат ни да помислат на фудбал, без разлика на одличната позиција во која се наоѓа составот предводен од Џан Пјеро Гасперини.

Ултрасите на Аталанта денеска испратија порака со која јасно порачаа дека не се заинтересирани за фудбал, a истата му ја испратија на претседателот на клубот, Антонио Перкаси.

– Претседателе Перкаси, ваков уникатен и историски масакр на градот заслужува идентично историска фудбалска одлука. Во овој трагичен момент за нашиот град, нема место за фудбал. Нашиот став е дека за Аталанта првенството е завршено, нашиот клуб треба да биде пример за сите во оваа војна, без разлика што ќе одлучат фудбалските и политичките лидери. Замислете само колку фанови на Аталанта се заразени, учеството на клубот во првенството би значело немарност кон сите кои го загубија животот во Бергамо. Еден ден Аталанта ќе го освои скудетото, но сега нема смисол да играме, – стои во соопштението на ултрасите.

Facebook Коментари