Атлетика
Ултра-траил маратонците од цел свет на собир во Охрид

Преку 300 учесници се пријавени за настап во четирите трки кои се дел од „Охрид Ултра Траил“ настанот, а меѓу земјите од каде што доаѓаат учесниците се и Аргентина, Перу, Финска, Шведска, САД и уште дваесетина други земји.
Сезоната на овие натпреварувања започна пред еден месец, кога со настанот „Водно Матка Треилс“ беше отворена листата на планирани настани за оваа година.
Организаторите најавија дека поради временската прогноза за утре која предвидува влошување на времето, сите предвидени рути ќе претрпат измена.
Стартот на најдолгата трка на 100 километри е вечерва на полноќ од центарот на Охрид (кај Чинарот), а учесниците ќе трчаат до Свети Наум, па назад поминувајќи и на надморска височина од 2.300 метри покрај македонско-албанската гранциа и „Кота Ф10“.
Прогласувањето е предвидено за в сабота во 20 часот на потегот кај пристаништето во Охрид („Ајван плажа“).
Овој настан е поддржан од македонскиот спортски бренд „Реморкер“ кој се етаблираше со дизајнирање и изработка на високи квалитетни маици за спортување со „dry fit“ технологија во Македонија. Досега ваквата спортска гардероба што се користи од страна на оние што се заљубени во трчањето и природата, како и во велосипедизмот и другите фитнес активности, беше достапна исклучиво од увоз. „Реморкер“ сега се наметнува со освен со квалитет и со можности за персонализација, како и со прифатлива цена за сите што учествуваат на ваквите треил маратони, како и други настани што се одржуваат во природа.
-
АТПпред 23 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 8 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 4 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 6 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Англијапред 22 часа
Салах испрати одговор со еден збор откако беше запрашан дали ќе игра против Реал во финалето во Париз (Фото)