Поврзете се со нас

Англија

Улие откри дека во Ливерпул цела година го следеле Роналдо и посочи зошто не се реализирал негов трансфер

Објавено

на

Во јавноста постојано излегуваат информации за некои нереализирани трансфери за кои клубовите жалат до ден денес.

За таков трансфер сигурно жалат и во Ливепрул затоа што во минатото имале можност да го ангажираат Кристијано Роналдо од Спортинг Лисабон, но не го сториле тоа.

Жерард Улие, кој тогаш беше тренер на Ливерпул потврди дека го следеле Кристијано цела една година, но не успеале да го договорат поради неговата плата.

Наместо во Ливерпул, Португалецот заврши во Манчестер Јунајтед, а се останато поврзано со него и печатот што го остави во модерниот фудбал е историја.

– Го следевме Кристијано една година, но имаше голем проблем со неговата плата затоа што тој бараше повеќе отколку што ние можевме да дадеме за него, -изјави Улие.

Манчестер Јунајтед во минатото имал голема конкуренција за потписот на Роналдо затоа што за него се интересирале и Јувентус и  Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни