Поврзете се со нас

Боречки спортови

Украинецот Усик го раздрма Џошуа на негов терен и ја замолкна публиката во Лондон (Видео)

Објавено

на

Олександер Усик ја замолкна 67-илјадната публика во Лондон и го детронизираше Антони Џошуа на негов терен, славејќи голема победа во бокс-спектаклот кој се одржа на стадионот на Тотенхем.

Украинскиот боксер ги разочара англиски фанови кои дојдоа да гледаат нова фантастична претстава на својот миленик, но наместо тоа, беа сведоци на доминација на извонредниот Усик кој сериозно го раздрма фаворизираниот ривал и малку фалеше да го нокаутира во последната рунда.

Усик без никаков сомнеж дојде до најголемата победа во кариерата и му ги украде трите појаси кои досега беа во сопственост на Џошуа (ИБФ, ВБО И ВБА), па од денеска тој е нов крал во боксот во тешка категорија

Џошуа едноставно немаше решение за енергичниот и агилен Украинец кој максимално добро ја искористи брзината на своите удари, па на крајот повеќе од заслужено оствари победа со едногласна победа на судиите.

Тројцата судии пресудија во корист на Усик со 117:112, 116:112 и 115:113, што беше најреално сценарио од сето она што го понуди Украинецот во рингот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни