Атлетика
Украинецот Шевченко со личен рекорд победи на Скопскиот маратон, Ивановски мина втор низ целта

Овогодинешното издание на Скопискиот Виз Ер маратон беше 16-то по ред на традиционалната трка низ улиците во македонската престолнина, во кое Украинецот Сергеј Шевченко успеа прв да мине низ целта со поставен личен рекорд на делницата од 42 километри.
Украинскиот атлетичар е победник на Скопскиот Виз Ер маратон кој се одржа во посебни услови, завршувајќи ги двата круга низ улиците во Скопје за време од 2 часа, 22 минути и 49 секунди, што воедно е негов најголем успех во кариерата.
Втор на целта мина најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски кој постави време од 2 часа, 31 минута и 16 секунди, додека на пиедесталот се искачи уште Србинот Кристијан Тошиќ кој доцнеше осум минути зад вториот.
На овој начин беше прекината доминацијата на атлетичарите од Африка кои не добија дозвола за натпреварувањето поради светската пандемија, а после водечката тројка, на целта пристигнаа македонските атлетичари Александар Кираџиев, Марјан Бонев, Кокан Ајановски и Сашпо Богојевски.
Во женска конкуренција, најбрза беше Албанката Луиза Гега која целта ја мина за 2 часа 35 минути и 34 секунди, а втора беше нашата атлетичарка, Андријана Поп Арсова.
Што се однесува до полумаратонските делници од 21 километар, во женска конкуренција победи Миљана Ристиќ со време од 1 час, 26 минути и 31 секунда, додека во машка најдобар беше Атанас Анчевски кој постави време од 1 час, 14 минути и 9 секунди.

- Англијапред 16 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 12 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 11 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 17 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 15 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 12 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 9 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 11 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…