Поврзете се со нас

Репрезентација

Украинците најавија тест со Македонија пред мундијалскиот плејоф

Објавено

на

Украинската фудбалска репрезнтација доби одложување на полуфиналето од мундијалскиот плејоф поради безбедносната ситуација во својата земја, но УЕФА мора да го реализира натпреварувачкиот календар за да биде познат и последниот европски патник на СП во Катар.

Првично најавен за во март, дуелот Шкотска-Украина сега ќе се одигра на 1. јуни, а Украинците најавија дека планираат да одиграат пријателски натпревари со Македонија и светскиот првак Франција.

Потпретседателот на Украинската федерација, Олег Протасов најавил вакво сценарио за медиумите.

– Во моментов се обидуваме да обезбедиме квалитетни тренинг кампови и спаринг партнери, затоа што веруваме дека треба да се обидеме да ја искористиме шансата за пласман на СП.

– Нашите репрезентативци треба да бидат во добра форма, ние сега преговараме за пријателски натпревари со Македонија и Франција, но засега немаме конкретни детали, – изјавил Протасов.

УЕФА го потврди терминот за дуелот Шкотска-Украина и тој ќе биде 1. јуни, додека победникот четири дена подоцна треба да игра со Велс.

Македонската репрезентација пак има густ распоред во јуни, бидејќи од 2 до 12. јуни треба да одиграме четири средби во Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни