Поврзете се со нас

Италија

Украинците дале зелено светло, Довбик поради повреда се враќа во Рим

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Рома инвестираше сериозна сума во ангажирањето на Артем Довбик, но украинскиот репрезентативец веќе го има првиот проблем со повреда откако пристигна во италијанскиот клуб.

Украинската фудбалска федерација денеска ја информираше јавноста дека Довбик нема да биде во комбинација за претстојните натпревари во Лигата на нации и ќе може да се врати во Рим.

Напаѓачот пристигнал повреден и по деталните прегледи направени во Прага, лекарскиот тим на Украинците потврдил дека Довбик не е во состојба да настапи на претстојните натпревари и ќе продолжи со рехабилитација во својот клуб.

Еден ден пред оваа информација, Довбик беше вметнат меѓу номинираните за годинешната „Златна топка“, а барем засега Украинецот не успеа да го постигне првиот гол во својот нов клуб Рома.

Украинците на 7. септември ја пречекуваат Албанија во Прага, а потоа ќе играат како гости против Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни