Поврзете се со нас

Светски првенства

Украинците бесни на ФИФА поради детаљ од ждрепката: Ова е поддршка за руската пропаганда

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fifamedia

Украинската фудбалска федерација побара извинување од ФИФА поради детаљ од петочната ждрепка за групите за квалификациите за СП кое ќе се одржи во 2026 година.

За време на ждрепката е прикажана мапа на која Крим е прикажан како дел од Русија, иако оваа територија не е призната како руска од страна на Украинците и меѓународната заедница.

Спорниот дел од графиката се случила кога ФИФА ги прикажала репрезентациите кои нема да можат да играат во иста група поради политички причини.

– Не само што делувавте против меѓународното право, туку и помогнавте на руската пропаганда.

– Ги поддржавте воените злосторства и злосторничката агресија против Украинците, – стои во соопштението на федерацијата.

Претставник на ФИФА појаснил дека таа спорна графика е отстранета од видеото од ждрепката и дека ја разјасниле ситуацијата со претставници на Украинската фудбалска федерација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни