Поврзете се со нас

Лига на нации

Украина ја освои Тирана и ја испрати Албанија во Лига Ц, Црна Гора ја прекина ужасната серија на порази

Објавено

на

Foto:x.com/uafukraine

Последниот натпреварувачки ден во Лигата на нации не донесе никаква неизвеност во Сегментот А, но затоа добивме разврска за тоа кој испаѓа од Лигата Б.

Во директни пресметки за опстанок во овој сегмент, Украина успеа да ја освои Тирана и со победа од 1:2 ја испрати Албанија во Лигата Ц, додека за опстанок во овој ранг ќе се бори Грузија преку бараж.

Грузијците во истата група загубија од Чешка со 2:1, па така Чесите патуваат во Лигата А како првопласирани, а Украина со второто место обезбеди опстанок во Лигата Б.

Црна Гора секако знаеше дека патува во Лигата Ц, но денеска тимот на Роберт Просинечки барем успеа да прекине една историски лоша серија, па така после седум последователни порази, притистгна првата победа.

Црногорците на домашен терен ја победија Турција со 3:1, па со тоа ги шокираа фаворитите кои наместо да направат промоција во Лигата А, остануваат во Сегментот Б.

Головите од Албанија-Украина погледнете ги ТУКА

Головите од Црна Гора-Турција погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни