Поврзете се со нас

Репрезентација

Украина е нов предизвик: Кошаркарките одработија тренинг во „Палатата на спортовите“ (ФОТО)

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација е пред нов тест во квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година, прв на гостински терен и тоа против Украина.

Средбата се игра утре од 18 часот во Киев, а нашата репрезентација е веќе таму и одработи тренинг во „Палатата на спортовите“. Избраниците на Драган Бајиќ ја почувствуваа салата каде утре ќе се обидат да направат изненадување и дојдат до позитивен резултат.

Украинците исто како и нас го загубија првиот меч во групата, па дефинитино ќе бидат мотивирани да го поправат впечаток и дојдат до славје, но сигурно и ние ќе имаме што да кажеме на оваа пресметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни