Украден луксузен Мерцедес на Дани Алвес во Бразил

dani-alves

Дани Алвес доживеал непријатност во својата земја каде му бил украден луксузен автомобил додека тој бил во ресторан.

Трофејниот Бразилец се врати во татковината каде настапува за Сао Пауло, а токму во истоимениот град му бил украден Мерцедес ГЛЕ Купе од очигледно добро организирана група која го следела фудбалерот и без поголеми проблеми го присвоиле автомобилот.

Возилото било регистрирано на име на поранешната сопруга на Алвес која му беше и агент, но фудбалерот го користел откако се врати во Сао Пауло.

Facebook Коментари