Поврзете се со нас

Македонија

Укпа во пресрет на мечот со Слован: Веруваме дека ќе постигнеме уште поголеми успеси од минатата сезона

Објавено

на

Хоган Укпа изрази оптимизам во пресрет на натпревар против Слован Братислава. Нигерискиот играч за врска на прес-конференцијата зборуваше заедно со тренерот Ќатип Османи.

„Овој натпревар го очекуваме во добра атмосфера и очекувам добар дуел. Играме на нов стадион и терен и очекуваме новиот терен да биде добар за двете екипи за да имаме убав натпревар“. – изјави Хоган Укпа.

Нигерискиот играч за врска беше дел од тимот и минатата сезона, кога Струга дојдео до „плеј-оф“ фазата од Конференциската лига. Но, откако управата на клубот дополнително го засили тимот, Укпа вели дека очекувањата од ова издание се уште поголеми.

„Веруваме дека работевме напорно, не само во подготвителната фаза, туку и од минатата сезона, каде што стигнавме до плеј-оф фазата во европските натпреварувања. Веруваме дека ќе постигнеме уште поголеми успеси од минатата сезона. Така што очекувањата се уште поголеми од минатата сезона“. – изјави Укпа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни