Македонија
Укината забраната за публика во детската лига, ФФМ ги поканува родителите и поддржувачите повторно да ги следат натпреварите

Фудбалската федерација на Македонија најавува почеток на втората полусезона во ФФМ Детска лига – натпреварување каде што најмладите таленти имаат можност да ја покажат својата љубов кон фудбалот, да учат, да се забавуваат и да го градат спортскиот дух.
Важна информација за продолжението на натпреварите во Детска лига – родителите и поддржувачите повторно ќе можат да ги следат натпреварите на трибините на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и да уживаат во моментите кога нивните деца ги прават првите чекори во фудбалскиот свет. Се со цел да создадеме позитивна и пријателска атмосфера, ги повикуваме сите присутни да го почитуваат спортскиот дух и фер-плејот, не само на теренот, туку и надвор од него.
Порака до родителите и тренерите на екипите од одделот во ФФМ задолжен за организација на Детската лига:
Фудбалот е повеќе од игра – тоа е лекција за тимска работа, почит и напорна работа. Децата најдобро учат кога играат во средина исполнета со поддршка, а не со притисок. Затоа, Ве охрабруваме:
• Навивајте со почит кон сите играчи, тренери и судии.
• Бидете позитивен пример – прифатете ги резултатите со спортски дух, без навреди и негативни коментари.
• Оставете ги децата да уживаат во играта, без непотребни притисоци и очекувања.
• Запомнете дека секое дете има свој степен на развој – поддржете го во неговиот напредок.
Оваа лига е создадена за нив. Да учат, да напредуваат и да ја сакаат играта. Ве охрабруваме заедно да создадеме средина во која ќе растат како спортисти и како личности!
Ви благодариме за разбирањето и поддршката!
Од викендот на натпреварите во Детска лига се воведуваат неколку нови, но значајни промени во правилата.
1. Правилото шут на гол од центар се укинува, при изведување на топката од центар мора да се додаде на противник, во спротивно топката ќе се додели на противничка екипа;
2. Голман, при гол аут или фатена топка мора да изигра во сопствена половина. Нема право да префрли преку центар;
3. Офсајд останува за Детска лига само за генерација само со генерација 2012;
4. Секоја генерација своите натпревари ќе ги играаат на свои терен обележан во различни бои;
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично