Шпанија
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал

Карло Анчелоти стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и стави крај на шпекулациите за негов трансфер во Бразил, но неполна година подоцна, во шпанската јавност многу коментирана е веста која денеска ја пренесе третото најголемо радио во оваа земја.
„Онда Серо“ излезе со своја ексклузива и информираше дека искусниот италијански стручњак направил проекција за својот крај во Реал, а според нивни извори, тоа ќе се случи на крајот на актуелната сезона.
Иако важечкиот договор му е до 2026-та година, познатото радио тврди дека Дон Карло се изморил од константниот притисок кој го создаваат шпанските медиуми, па планира самостојно да се повлече без оглед на тоа како ќе ја заврши сезоната.
Италијанецот во последно време не го крие разочарувањето од начинот на кој е третиран после сето она што го направи за Реал, па и во последното интервју за италијанските медиуми не ја затвори вратата за можно враќање во Серија А, или поточно во саканата Рома.
„Онда Серо“ уверува дека Анчелоти е цврсто решен во својата одлука, па истата не би ја менувал и во ситуација ако тимот ја освои титулата во Ла Лига, но и онаа во Лигата на шампиони.
Анчелоти во овој момент ужива во својата втора етапа како тренер на „кралскиот клуб“, а истата е значително поуспешна од првата во која ја освои и историската „Ла Десима“.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…